Буџетските приходи исполнети со 101 отсто

Bez autora
Apr 27 2011

Вкупните приходи во Буџетот на РМ во март се исполнети со 101 отсто, а даночните со 103 проценти. Според Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии, ваквите резултати се во согласност со очекувањата на Владата дека во првите три месеци од годината ќе има добра исполнетост на приходната страна на буџетот. За Ставрески веќе има услови за еден нов инвестициски циклус кога се очекува да се реализираат и домашни и странски инвестиции. Нашите очекувања се дека набрзо ќе дојде до комплетирање на неколку странски инвестиции на кои подолго време се работи и кои се во завршна фаза. Тие ќе бидат значајни и за локалното население и за индустриската зона Бунарџик. Тој потсети дека двете владини мерки за продажба на земјиштето по почетна цена од едно евро за квадратен метар и приватизација на земјиштето од страна на постоечките фирми од едно до пет евра по метар квадртатен се главните аргументи за да домашните инвеститори имаат добри услови да вложуваат.

Буџетските приходи исполнети со 101 отстоВкупните приходи во Буџетот на РМ во март се исполнети со 101 отсто, а даночните со 103 проценти.

Според Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии, ваквите резултати се во согласност со очекувањата на Владата дека во првите три месеци од годината ќе има добра исполнетост на приходната страна на буџетот. За Ставрески веќе има услови за еден нов инвестициски циклус кога се очекува да се реализираат и домашни и странски инвестиции.

- Нашите очекувања се дека набрзо ќе дојде до комплетирање на неколку странски инвестиции на кои подолго време се работи и кои се во завршна фаза. Тие ќе бидат значајни и за локалното население и за индустриската зона Бунарџик, вели министерот Ставрески. Тој потсети дека двете владини мерки за продажба на земјиштето по почетна цена од едно евро за квадратен метар и приватизација на земјиштето од страна на постоечките фирми од едно до пет евра по метар квадртатен се главните аргументи за да домашните инвеститори имаат добри услови да вложуваат.

За дополнителни мерки за стабилизирање на цената на нафтените деривати побарани од нафтените компании, министерот рече дека Владата секогаш има волја да седне со бизнис-секторот и да разговара за начините и предлозите за да и се помогне на економијата и да се ублажи ценовниот удар кај нафтата. Но, додаде дека има подобар предлог за дистрибутерите, и за Макпетрол" и останатите што ги дале предлозите, да ја намалат нивната маржа за 1,5 денар и со тоа да ги помогнат граѓаните. Нивната маржа, како што рече министерот, е 3,2 денари на секој литар.

- Сметам дека мерката на Владата со 4,5 денари, какво и да е движењето на цената на нафтата, значи за 4,5 денари по литар граѓаните ќе плаќаат помалку. Ако на светските берзи доаѓа до покачување на цената со мерката на Владата, кај нас тоа покачување ќе биде помало за 4,5 денари и тие секогаш ќе завршуваат во корист на граѓаните и на фирмите, изјави министерот Ставрески.

Во однос на тоа дали ќе интервенира Владата за мазутот, Ставрески рече дека е интервенирано секаде каде што било можно.

- Интервениравме секаде каде што можевме и со онолку средства колку што е можно. Ние направивме максимално што може. Се откажавме од 10 милиони евра и сметам дека тоа е голем придонес на државата за заживување на стопанството и ублажување на ценовниот удар - смета Ставрески.

Што се однесува на намалувањето на акцизата тој смета дека тоа секако ќе се одрази врз буџетот.

- Десет милиони евра е одразот врз буџетот. Во оваа ситуација оценивме дека треба да се откаже државата, бидејќи ефектот од тоа откажување ќе биде сочувување на динамиката на економска активност и стандардот на граѓаните. Ние ќе го компензираме тоа преку заштеди на други места во буџетот, како што се избегнување на сите расходи каде што министерствата можат да направат помали расходи во однос на тековните трошења и на тој начин ќе успееме да ги надоместиме. Тоа се однесува на сите институции кои треба да штедат во овој период се додека има последици од кризата или се чувствуваат последици од светската инфлација државата ќе мора да се однесува одговорно и домакински - вели Ставрески.

Твининг проект за финасиска контрола

Стартуваше твининг проект за зајакнување на капацитетите на државните институции за внатрешна финансиска контрола и финансиска ревизија. Проектот е спроведен преку Министерството за финансии на РМ и холандското Министерство за финансии. Проектот ќе се работи во наредните 24 месеци, а неговата вредност е 1,3 милиони евра. Тој е финансиран од ЕУ, а ќе се одвива во над 70 државни институции и на централно и на локално ниво во земјава.

- Развојот на систем за стабилно финансиско управување и контрола и независна внатрешна ревизија останува наш приоритет во рамки на реформите во областа на управувањето со јавните финансии - кажа министер за финансии Ставрески на вчерашната конференција што се одржа во Скопје, а на на која се означи почетокот на реализацијата на твининг проектот и проектот за поддршка на процесот за фискална децентрализација преку зајакнување на капацитетите за солидно финансиско управување и внатрешна финансиска контрола на локално и централно ниво.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik